(ВИДЕО) Фон дер Лајен: Уставните измени се неопходен чекор за Северна Македонија да влезе во ЕУ

Уставните измени се неопходен чекор кој Северна Македонија мора да го исполни, за влегување во Европската Унија, потенцираше на денешната прес-конференција претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Уставните измени се неопходен чекор на патот кон пристапување кон ЕУ и неверојатно е навистина она што Северна Македонија го има постигнато. И затоа навистина посакувам Северна Македонија да продолжи да се движи напред, со решителност, со страст, со големи успеси на пристапниот пат“, изјави фон дер Лајен.

Одгововарајќи на новинарско прашање за тоа зошто нема да има средба со опозициската ВМРО-ДПМНЕ, претседателката на ЕК, кажа дека работела според програма. Па во пракса, не само во Северна Македонија, туку и при посетата на останатите земји од Западен Балкан, било предвидено да се сретне само со шефовите на државите и со премиерите. 

30.10.2023 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега