ВИДЕО: ФФМ го овековечи легендарниот коментар на Тони Стојановски – „Оваа Македонија ќе живее“ осамна на влезот на зградата
Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини го изненади коментаторот Тони Стојановски поставувајќи огромна слика на влезот во ФФМ, каде ги пишува емотивните зборови изречени во завршницата на историскиот меч против Грузија, кој за Македонија значеше Европско првенство!
“Кога нè оспоруваат: и име.. и презиме.. и нација.. и ген… eве нè во Европа! Меѓу сите тие што ги описменивме. Ќе нè дочекаат наредниот јуни, ќе ја поздрават нашата репрезентација. Ќе стојат мирно на нашата химна! Ова е порака од сите: православни христијани, Македонци, Албанци, Турци што играат за оваа репрезентација: Дека нашата држава треба да ја чуваат тие што ja водат – и едните, и другите, и третите и четвртите! Ова е голема победа за Македонија! Ова е победа за радост на душата. Да цитирам зборови од нашата поезија: СЕГА ДУШАТА СЕ РАДУВА…! ОВАА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЖИВЕЕ! ЌЕ ЖИВЕЕ УШТЕ !!!” – рече тогаш коментаторот, а сега истите зборови ќе стојат на ѕидот за потсетување на големата победа на Македонија.
Секоја чест за Фудбалската Федерација на Македонија!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа