(Видео) Екстремно силно невреме ја зафати Италија: Силен дожд и град го парализираа Милано, има жртви
Околу четири часот утринава Милано и околината ги зафати силно невреме со силен дожд, град и удари на ветер со брзина поголема од 100 километри на час, што е второ невреме за нешто повеќе од 12 часа.
Жена загина во Монца, а најмалку три лица се повредени во Милано кога силен дожд и силен ветер ја погодија северна Ломбардија.
Ноќниот дожд во Милано беше краток, но многу интензивен, а прогнозите укажуваат на можност за нови врнежи, пренесува агенцијата „Анса“.
Невремето предизвика сериозни штети и на електричната мрежа, па јавниот превоз доцни.
Голем број луѓе на социјалните мрежи објавија дека нема струја во многу делови од градот, а имало и неколку повици до Противпожарната бригада, но рано е да се процени штетата, наведува италијанската агенција.
Пријавени се оштетувања на покривот, како и последователни поплави поради количината на дожд и град што падна за краток временски период во Милано, како и многу соборени дрвја. Нема извештаи за повредени.
Шеснаесетгодишно девојче загина во извиднички камп во Чегедол, во италијанската провинција Бреша, кога дрво паднало врз шаторот во кој таа спиела за време на невремето.
Кампот бил евакуиран од пожарникари, јавува Анса.
Поради невремето евакуиран е и извидничкиот камп во Вал Дориз.
Вчера доцна вечерта ново невреме ја погоди и Бријанца – во Монца и собори многу дрвја, додека навтомобил со семејство – мајка, татко и две и пол годишно девојче беа погодени од дрво.
Мажот кој се здобил со повреди на главата е хоспитализиран, а според информациите, неговата сопруга и ќерка не се повредени.
Невреме со грмотевици денеска се очекуваат и во Трентино Алто Адиџе, Венето и Фриули-Венеција Џулија.
Unbelievable storm #milan #milano #corvetto #summerrain pic.twitter.com/xcQ7m4SBk3
— Gianluca Schiano (@GianluLA) July 25, 2023
Anche qui in Provincia #lodi mai vista una tempesta così. #ClimateBreakdown #ClimateEmergency #milano #storm pic.twitter.com/Mm97fCHOAL
—Nemesya (@Nemeenya) July 25, 2023
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа