(ВИДЕО) Демири од СДСМ до ДУИ: Излезете од националистичкиот филм
ДУИ треба конечно да излезe од националистичкот филм, подгревањето етнички тензии и поделби меѓу граѓаните, вели Агрон Демири од извршниот комитет на СДСМ на денешната прес-конференција.
„Таквите изјави и дејствија се целосно неприфатливи и несоодветни за нашето мултиетничко и демократско општество. ДУИ мора да разбере дека граѓаните на Република Северна Македонија, независно од нивната етничка припадност, сакаат мир, стабилност и добри меѓуетнички односи. СДСМ е единствената политичка сила која вистински се залага за соживот и почитување на правата на сите етнички заедници. Кога ДУИ ја обвинува СДСМ за албанофобија заборава намерно дека во Извршниот одбор на СДСМ има членови Албанци, исто така имаме Албанци и во пратеничката група на СДСМ а значителен број Албанци гласаат за нашата партија. Затоа што препознаваат искреност и посветеност кон доброто на сите граѓаните но и кон добрите меѓуетнички односи“, изјави Демири на денешната прес-конференција.
11.01.2025 - 12:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа