ВИДЕО: „Бараме сигурни луѓе“-ЦИА објави видео со покана до Русите да станат шпиони
Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) ги повикува Русите да ѝ достават разузнавачки информации за нивната земја, преку видео на Телеграм наменето за оние кои не се задоволни од политиката на рускиот претседател Владимир Путин, пренесуваат медиумите во светот.
Видеото, објавено во понеделникот, сугерира дека Русите можат да дејствуваат за да ги подобрат работите со обезбедување на разузнавачки информации за ЦИА.
„ЦИА сака да ја знае вистината за Русија, а ние бараме сигурни луѓе кои можат да ни ја кажат таа вистина“. Вашите информации можеби се повредни отколку што мислите“, се вели во видеото, според написите во медиумите.
Американската агенција соопшти дека се надева дека ќе воспостави контакт со луѓе кои работат во разузнавањето, дипломатијата, науката и технологијата, додавајќи дека е заинтересирана за сите видови разузнавање, вклучително и политичко и економско.
Агенцијата се надева дека ќе ги убеди оние кои се колебаат, според медиумите во светот.
Почему я пошел на контакт с ЦРУ: мое решениеhttps://t.co/mhQbzet5X2 pic.twitter.com/1Uj4POAOmm
— CIA (@CIA) May 15, 2023
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа