(ВИДЕО) Апокалиптични сцени во Бања Лука: Голем пожар го зафати дел од градот


Синоќа во населбата Дервиши во Бања Лука избувна голем пожар кој ги вознемири жителите од тој дел на градот, јавува Кликс.ба

Според локалните медиуми, пожарот ја зафатил зградата на поранешната компанија „Кристал“, во која сега се наоѓа кујната на еден од поголемите трговски синџири.

Пожарот брзо се проширил и се издигнал неколку метри над зградата, создавајќи застрашувачки сцени. Сведоците на местото на настанот ја опишаа сцената како апокалиптична, а овие тврдења се поткрепени со видеа и фотографии кои кружат на социјалните мрежи.

Поради пожарот дел од населбата остана без струја. Се претпоставува дека пожарот бил причина за прекинот. На терен беа распоредени бројни противпожарни возила и припадници на бањалучката противпожарна и спасувачка бригада во обид да го стават огнот под контрола, а полицијата го обезбедува теренот за да спречи натамошно ширење на пожарот и можни несреќи.

Причината за пожарот се уште не е позната, а нема информации за повредени лица. Истрагата е во тек.

19.09.2024 - 10:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега