ВИДЕО: Алпинистичка вежба на специјалците

 

Припадниците на Баталјонот за специјални сили на Армијата и Единицата за брзо распоредување вчера заедно изведоа методско огледна алпинистичка вежба ,,Пребарување, Спасување и Евакуација на повредени”.

На вчерашната методско огледна алпинистичка вежба присуствуваа министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев.

Вежбата ,,Пребарување, Спасување и Евакуација на повредени во тешко пристапниот дел на Демир Капија’’ заеднички ја изведоа припадниците на Баталјонот за специјални сили на Армијата и Единицата за брзо распоредување при МВР во реонот на Демир Капија.

Министерот Мисајловски вчера истакна дека тимската работа на две елитни единици ја покажува синергијата, квалитетот и професионалноста која владее меѓу припадниците на овие единици, што дополнително значи континуирано подобрување и зајакнување на капацитетите.

-Овие специјални единици треба секој еден во државата да ги почитува, бидејќи секогаш каде и да се случи несреќа или што и да се случува во рамки на безбедноста на државата, секогаш се први и секогаш дејствуваат. Затоа сакам уште еднаш од тука да им се заблагодарам од мое лично име, ни и од името на граѓаните затоа што нивната работа е навистина тешка, рече Мисајловски и додаде дека со цел континуирано развој на единиците на Армијата, потребно е да се вложува максимално. „Ќе вложуваме максимално колку што може во нашите буџети, бидејќи никогаш не треба да се штеди за овие вежби за овие специјални единици, бидејќи се навистина гордост на Македонија, рече Мисајловски.

Во продолжение можете да ја погледнете вежбата на овие две елитни единици:

13.10.2024 - 14:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега