ВИДЕО: Ајкула забележена на најпопуларната плажа во Португалија

 

 

Туристите и локалните жители се обиделе да избегаат од водата откако ајкула се појавила во популарната португалска плажа „Праја Бич“ во Еспињо.

Имаше големо зголемување на забележаните сини ајкули на шпанските плажи оваа година, имаше паника на плажата „Агуамарина“ на Коста Бланка во јуни и две ајкули беа забележани во близина на плажата „Коста Брава“ во Портбу во неделата.

Вчера, мета беа локалните жители и туристите на плажата „Праја“ во туристичкиот град Еспињо на Атлантикот додека ајкулата се приближуваше до брегот.

Биле видени деца како се собираат во близина на брегот и викаат „ајкула“ додека спасувачите го набљудувале суштеството.

Ајкулата на крајот исчезна откако повторно исплива во подлабока вода.

На посетителите, повторно им било дозволено да се капат откако ајкулата заминала од областа.

Еспињо, град на северот на Португалија, блиску до Порто, кој е дел од областа Авеиро, е познат по риболов и по своите плажи.

Плажата „Праја де Еспињо“ се смета за најдобра плажа во областа.

Пет ајкули се приближија до брегот во различни делови на Шпанија во период од само 10 дена во јуни.

20.07.2023 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега