Вејсели: ДУИ ќе се распарчи ако го нема Ахмети

Поранешниот пратеник, Абдулади Вејсели во емисијата „24 Отворено“ вели дека ДУИ ќе се распарчи ако го нема Али Ахмети.

„Едно е јасно. Нема ништо да остане од ДУИ ако го нема Ахмети. Тоа треба да биде јасно на секој член на ДУИ. Ахмети е единствениот човек кој се обидел и ги решавал сите проблеми“, вели Вејсели.

Вејсели смета дека незадоволството не било поради Артан Груби, туку тоа било директен удар врз Ахмети.

04.10.2022 - 21:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега