Васко Ковачевски: Заедно со Владата бараме начин да обезбедиме поевтина струја за стопанството

 

 Генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски вели дека се бараат начини да се обезбеди поветина струја за стопанството и да им се помогне на компаниите и институциите за полесно да се надмине енергетската криза.

– Во изминатиот период, како држава, правиме интензивни подготовки да го зголемиме производството на електрична енергија. 100-процентно ја произведуваме целата енергија која е потребна за граѓаните и малите потрошувачи, наместо само 60% колку што пропишува законот, се со цел ЕВН Хоме да не мора остатокот да го набавува по берзански цени, бидејќи тоа ќе удри врз домашниот буџет на секој граѓанин, изјави Ковачевски.

Во меѓувреме, посочува првиот човек на АД ЕСМ, заедно со Владата, се бараат начини како да се помогне на стопанството и на институциите, односно да се набават повеќе ресурси: јаглен, мазут и природен гас, за да се вклучат дополнително и дел од останатите капацитети, за таа енергија да се произведе и да се понуди на бизнис секторот и на институциите, со цел да се помогне и на слободниот пазар, каде цените се неколкукратно поголеми од цените на регулираниот пазар, кој ЕСМ го снабдува.

– Ние се подготвуваме за грејната сезона. Премиерот Ковачевски, министерот Крешник Бектеши и јас како претставник на АД ЕСМ, имавме интензивни разговори во рамките на иницијативата Отворен Балкан, со земјите членки Србија, Албанија и Македонија, но и Црна Гора и Босна и Херцеговина кои бараат членство, за тоа како да најдеме начин заеднички да ја изменаџираме и подобриме ситуацијата со производство и снабдување со електрична енергија, вели Ковачевски.

05.09.2022 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега