Вардар слави 77 години од формирањето
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар, денес слави 77 години од формирањето. Црвено-црните од Скопје се формирани на 22.07.1949 во кино „Вардар“.
Во чест на роденденот на Вардар, утре на стадионот „Максимир“ во Загреб ќе се одигра пријателски натпревар против Динамо. Мечот започнува во 19 часот.
Вардар во моментов е на подготовки во Словенија, а до крајот на престојот освен дуелот против Динамо Загреб, ги очекува и натпревар против Свонси во сабота.
Денес се очекува и официјална презентација на последното странско засилување, Камерунецот Даниел Донгмо, како и на двајца тренери од Аргентина, кои треба да бидат засилување за стручниот штаб на Горазд Михајлов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа