Валенсија: Голем пожар во висококатница - најмалку 4 загинати, се трага по 19 луѓе

 

Најмалку 4 лица загинаа во голем пожар кој зафати зграда во шпанскиот град Валенсија. Повредени се 14 лица, меѓу кои шест пожарникари и едно мало дете. Се уште се трага по 19 лица кои моментално се водат како исчезнати.

Пожарот ја зафатил 14-катницата во населбата Кампанар и се проширил во соседната зграда. Пожарникарите ги извлекувале луѓето од балконот, додека силниот ветер го разгорел огнот.

Во зградата имало 138 станови, во кои живееле околу 450 луѓе. Локалните медиуми објавија дека пожарникарите спасиле неколку жители користејќи кранови, меѓу кои и брачен пар кој живеел на седмиот кат. Една жена изјави за „ТВЕ“ дека пожарникарите спасиле тинејџер заробен на првиот кат од зградата.

„Противпожарните служби го гаснат пожарот и моментално работат исклучиво на ладење на надворешните делови на зградата. Со оглед на карактеристиките на зградата, пожарникарите не можеа да влезат внатре и можеа да го изгаснат пожарот само однадвор“, изјави Хорхе Суарез, заменик директор за вонредни случаи, пренесува Си-Ен-Ен.

Естер Пучадес, потпретседател на Факултетот за индустриски технички инженери во Валенсија, изјави за шпанската новинска агенција „Ефе“ дека ја прегледала зградата пред пожарот и дека нејзината надворешност била направена од полиуретански материјал кој повеќе не се користи многу во градбата, бидејќи е лесно запалив.

Маж кој живеел на вториот кат од зградата изјавил за ТВ каналот „Ла Секста“ дека пожарот се проширил исклучително брзо откако избувнал на четвртиот кат. „Пожарот се прошири за 10 минути, можеби поради материјалот во фасадата“, изјави тој.

 

 

23.02.2024 - 09:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега