Ужас во Британија: Куче усмрти човек, па полицијата го застрела
Британската полиција застрела куче откако тоа нападнало човек и го усмртило.
Животното кое било опасно и надвор од контрола, жестоко нападнало маж во областа на Манчестер во Велика Британија, пренесува „Мирор“.
Полицијата го пронашла 37-годишниот човек со страшни повреди на главата и вратот и итно бил пренесен во болница. Мажот починал во раните утрински часови, потврди полицијата.
Полицијата на Манчестер соопшти дека вооружени полицајци биле распоредени за да се обидат да го контролираат кучето и ги користеле „сите достапни тактики за да го совладаат“ животното пред да биде застрелано, бидејќи тоа претставувало „значителен ризик“ за јавноста.
Дваесет и четиригодишен маж е уапсен под сомнение дека управува со опасно куче, кое излегло од контрола и нанело повреди кои резултирале со смрт.
„Прво, би сакал да изразам сочувство до најблиските на жртвата на овој напад. Нашите полицајци и нашите партнери моментално ги поддржуваат најблиските на жртвата во овој неверојатно тежок момент. Ние признаваме дека овој инцидент со право ќе предизвика загриженост во локалната заедница и би сакале да ја увериме јавноста дека ги истраживме сите можни начини за заштита на локалната заедница и животните” рече детективот Констабл Сајмон Херст.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа