Утре и задутре на работа тргнете пеш: Посебен сообраќаен режим поради турска делегација
Утре и задутре (20 и 21 декември) во Скопје ќе важи посебен режим за сообраќај поради посетата на делегација на Република Турција на земјава.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), поради посетата на делегацијата, Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје во наредните два дена ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје во главниот град.
Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.
19.12.2022 - 18:51
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа