Утре два часа ќе биде блокиран патот Гостивар-Маврово

 

Од 15 до 17 часот утре ќе биде блокиран патниот правец Гостивар-Маврово, дознава 4NEWS.mk. Блокирањето ќе биде поради протест.

Граѓани од овој дел на Македонија утре излегуваат на протест за како што велат да ја изразат „загриженоста за еколошката катастрофа што се случува на планината Малин Меник од Националниот парк Маврово“.

Ова не е првпат граѓаните да излегуваат на протест за оваа цел. И претходно имаше протести во овој дел, но за жал без слух од надлежните.

22.06.2023 - 20:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега