Ердоган: Турција неразделна од Европа, членството во ЕУ стратешки приоритет
Турција го гледа својот процес за пристапување во Европската унија како стратешки приоритет, а себеси како „нераскинлив дел од Европа“, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
На денешниот состанок на странските амбасадори во Турција во Анкара, тој рече дека за Европа станува се потешко да продолжи како глобален актер без Турција да го заземе „своето заслужено место“, пренесува Anadolu Agency.
Зборувајќи за ситуацијата на Блискиот Исток, Ердоган оцени дека нема да има мир во Израел без формирање на палестинска држава.
Тој остро ја критикуваше реториката и заканите на израелските власти.
„Како да не беа доволни нивните повици за анексија на Западниот Брег, министрите на израелската влада си играат со оган со провокации насочени кон џамијата Ал Акса“, истакна тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа