Усвоени заклучоците за Украина во Брисел – поддржани се од 26 земји

 

Сите 27 лидери на земјите членки вечерва на самитот во Брисел ги поддржаа заклучоците за зајакнување на европската одбрана, додека 26 од нив ги поддржаа заклучоците за Украина, без унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Во текстот за Украина е приложена реченицата „силно поддржана од 26 земји-членки“. Таа реченица е додадена во текстот на заклучоците, но не е дел од заклучоците, објаснуваат од Европскиот совет.

По усвојувањето на заклучоците, лидерите ја продолжија дискусијата за Украина.

Орбан напиша отворено писмо

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се смета за најблизок сојузник на Владимир Путин во Европа. Орбан се залагаше европскиот блок да ги поддржи преговорите меѓу САД и Русија.

Дописникот на Sky News, Сиобан Робинс, рече дека ставот на Орбан за заклучоците за Украина бил добро познат пред почетокот на состанокот. Унгарскиот премиер дури напиша и отворено писмо во кое посочи дека не може да гарантира дека ќе продолжи да ја поддржува Украина се додека е потребно.

06.03.2025 - 21:13

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега