Успешно заврши спасувачката мисија: Повредени се четири лица кои биле заглавени во лифтот

Денеска во 11.20 часот преку телефонскиот број 112 во 11.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во зграда на ул.Христо Татарчев екипа на Итна медицинска помош и Н.К: се качиле во лифт, кој наеднаш почнал неконтролирано да се движи надолу и се заглавил во подрумскиот дел на зградата.

Од страна на екипа на БППЗ лицата биле извлечени од лифтот, по што четворица од лицата се пожалиле на повреди и истите се префрлени во ГОБ. „Св. Наум Охридски“.

За инцидентот претходно информираше ЦУК кои веднаш откако ја добиле пријавата итно ја известениле Бригадата за противпожарна заштита Скопје и СВР Скопје.

26.06.2024 - 13:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега