Уште еден Македонец на листата 100 најбогати во регионот: Живко Мукаетов од Алкалоид

 

Во своето празнично неделно печатено издание Недељник.рс објави листа од 100 најбогати луѓе во регионот.

Досега од онлајн изданието се познати првите 40, а на листата се најдоа двајца Македонци, кавадарчанецот и милијардер Илија Гечев, од ИГМ Кавадарци кој е на 18 место. Неговото богатство се проценува на милијарда и 60 милиони евра. Вториот Македонец на листата е милионерот Живко Мукаетов од Алкалоид кој е на 38 место и неговото богатство се проценува на 651.330.000 евра.

На листата на 100 најбогати во регионот, доминираат бизнисмени од Хрватска и Србија, првото место го зазема Хрватот Дубравко Гргиќ, од Аграм групa. Досега на листата има и една бизнис империја од БиХ, семејството Хастор кои се на 37 место.

Листата на 100-те најбогати во регионот ја составиле експерти од две реномирани консултантски фирми кои работат на Њујоршката берза, во текот на истражувањето користеле поавторитетни мултипликатори од „Stern School of Business New York University“, а студијата ги опфатила и резултатите од пазарните трансакции во регионот и светот.

Од Недељник.рс посочуваат дека листата на 100-те најбогати во регионот е реализирана во соработка со водечките медиуми во регионот: словенечкиот дневен весник Finance (и порталот Finance Manager), хрватскиот економски неделник Лидер, босанскиот неделник Дани (Ослобоѓење) и реномирана медиумска куќа од Северна Македонија, која сакала да остане анонимна.

01.01.2023 - 14:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега