Унгарија: Не сме единствените кои сакаме да ја продолжиме забраната за увоз на украински житарки
Група земји од ЕУ на границата со Украина сака да ја продолжи забраната за увоз на украински житарки, изјави унгарскиот министер за земјоделство, потврдувајќи го ставот на Варшава, која исто така бара помош од ЕУ за очекуваниот зголемен транзит на други пазари.
Во мај, ЕУ одобри забрана за увоз на пченица, пченка, канола и семки од сончоглед од Украина во Полска, Унгарија, Бугарија, Романија и Словачка, што ги намали цените на нивните пазари.
Во исто време, беа договорени транзитни коридори за да може украинските земјоделски производи да се пласираат на други пазари, вклучително и оние во другите членки на ЕУ. Забраната за увоз треба да истече на 15 септември, но група земји кои граничат со Украина беа вознемирени од руската објава на почетокот на неделава дека ја прекинува соработката според договорот со кој се гарантира испорака на жито и ѓубрива преку Црното Море до вторник.
Црноморската иницијатива ги вклучи Русија, Украина и Турција, а беше договорена во јули минатата година со посредство на Обединетите нации. Договорот беше продолжуван три пати, но Москва одби повторно да го продолжи, тврдејќи дека делот што се однесува на Русија не е исполнет.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа