Украинскиот план да ја разбие руската армија на два дела оди многу тешко

 

 

Украинските обиди да ја пробие руската одбрана на југ и да ја подели руската армија на два дела се покажаа како многу тешки, рече Серхи Храбски, воен аналитичар.

Храбски за украинското радио „НВ“ изјави дека украинските трупи се борат да стигнат до Бердјанск, пристаниште на Азовското Море.

„Тие се движат кон селото Роботин. Непријателот дава отпор за да го спречи нашето напредување на југ“, додаде тој.

Командантот на украинските сили на југ, генералот Олександр Тарнавскиј, рече дека неговите војници „систематски го поместуваат непријателот од нивните позиции“ во последниот извештај за контраофанзивата.

Русија изгуби најмалку 200 војници таму во последните 24 часа, напиша тој на „Телеграм“.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили одбиле 16 украински напади на источниот фронт, вклучително и во близина на долго оспоруваниот град Маринка и во стратешкото село на јужниот раб на Бахмут.

15.07.2023 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега