Украинците: Убивме 250 Руси, а тоа се само оние што ги снимивме

 

Војниците на 3-та специјална јуришна бригада на Украина објавија вознемирувачко видео во кое е документирана смртта на 250 руски војници во Харковската област, каде што Русите започнаа нова копнена инвазија во мај.

„250 мртви шупаци (руски војници). И тоа се само тие што ги снимивме“, објавија војниците на украинската бригада на социјалните мрежи со видеото.

„Почнуваме да ги објавуваме доказите за Русите што ги убивме. Запалени, распарчени и елиминирани засекогаш. Ова е дело на војниците на 3-та специјална јуришна бригада во регионот Харков“, се вели во соопштението на украинските војници.

Украинската правда наведува дека станува збор за руски агресори кои биле убиени со беспилотни летала, митралези и гранати во текот на мај.

19.06.2024 - 19:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега