Украина: Поранешните Вагнерци се во Бахмут
Украинската армија тврди дека Вагнерците се вратиле во Бахмут. Тие се повлекоа од тој град во мај и ја предадоа контролата на руската војска. Сепак, заменик-началникот за комуникации на украинската армија Серхиј Череваџи изјави дека поранешните борци на Вагнер се вратиле во Украина и сега работат под руското Министерство за одбрана.
„Неколку стотици од нив одат во наша насока, на источниот фронт“, изјави тој за Си-ен-ен.
Истото за Си-ен-ен го потврдија и украинските војници кај Бахмут.
„Вагнер е тука“, рече еден од операторите со дронови. „Се вратија, брзо ги сменија командантите и сега се тука“, додаде тој.
Советникот на украинскиот претседател Михајло Подољак изјави дека Вагнерите склучиле договори со руското министерство, но тој не сакал да го преувеличува нивното доаѓање на фронтот.
„Запомнете, Вагнер повеќе не постои“, рече тој на крајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа