Украина најави бојкот на Олимпијада ако им се дозволи настап на Русите и Белорусите

 

Украина може да се реши на бојкот на Олимпијадата во Париз во 2024 година, доколку руските и белоруските спортисти добијат дозвола да настапуваат, изјави министерот за спорт на Украина, Вадим Гутсаит.

Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) оваа недела најави дека ги разгледува опциите за интегрирање на спротистите од овие две земји 11 месеци откако воведоа санкции поради војната во Украина. Олимпискиот совет на Азија (ОЦА), пак, ги покани Русија и Белорусија да се натпреваруваат на Азиските игри во септември, каде што би можеле да бркаат олимписки норми.

Гутсаит, кој исто така е и претседател на Украинскит олимписки комитет, бара целосното исклучување на Русите и Белорусите да продолжи во сите спортови.

„За целата украинска спортска заедница се работи за принцип. Го поддржуваме претседателот на државата во ставот. Сите сме бесни на напорите на ИОЦ за враќање на Русите и Белорусите и ќе работиме со интернационалните спортски организации овој став да се смени. Позицијата останува иста – додека има војна во Украина, нема руски и белоруски спортисти на интернационалните натпреварувања. Ако не биде слушнат нашиот глас, можно е да отфрлиме учество на Олимпијадата“, вели Гутсаит.

ИОЦ инсистира дека казнувањето на индивидуални спортисти поради нивната националност е во спротивност на Олимписката повелба.

27.01.2023 - 19:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега