Украина и Русија ги разменија телата на повеќе од 120 загинати војници

 


Украина и Русија ги разменија телата на повеќе од 120 загинати војници, јави ДПА, повикувајќи се на официјални извори од двете страни.

Украина ги прими телата на 99 загинати војници, објави денеска на својот профил на Телеграм Координативниот штаб за прашања на воени затвореници во Киев. Од нив, 77 се убиени во Доњецк, 20 во Запорожје и двајца во регионот Харков.

Русија, пак, ги прими телата на 23 војници, објави руска информативна страница, цитирајќи го пратеникот на Државната дума Шамсаил Саралиев.

Украина повеќе од две години се бори против руската инвазија.

12.04.2024 - 16:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега