УЈП ја објави листата на даночни должници

 

Пред точно десет години, на 10 јуни 2014 година Управата за јавни приходи на својата веб страна ја објави првата Листа на должници.

Објавата на листа на должници е мерка која ја применуваат даночните администрации како одраз на својата транспарентност и отчетност пред јавноста за дисциплината на даночните обврзници, како и за својата ефикасност во управувањето со заостанатите долгови. "Општествениот договор" за плаќање даноци се заснова на принципот секој даночен обврзник да го плати точниот износ на данок што го должи, во точно време а нередовното и нецелосно плаќање на даночните обврски, како појава која генерира заостанати – неплатени даночни долгови, е негативна отстапка од овој принцип. При тоа, доцнењето при плаќањето може да произлегува и од финансиски потешкотии на даночниот обврзник, но таквото доцнење може да биде прифатено од УЈП и не се гледа преку листата на должници доколку даночниот обврзник истото го регулирал на законски дозволен начин преку механизмот одложено плаќање (репрограм).

Директорката на Управата за јавни приходи истакна дека Управата за јавни приходи  во иднина ќе се стреми кон промовирање на однесувањето на мнозинството даночни обврзници кои се даночно усогласени и го преземаат товарот да ја полнат државната каса, а зголемена ефикасност во наплатата на заостанатите долгови преку автоматизација на деловните процеси, електронско управување со работниот тек во функциите, објективна селекција се новиот предизвик на Управата за јавни приходи.

Управата за јавни приходи денес 10 јули 2024 година ја објави Листа на должници бр.07/2024 за долгови доспеани до 31.03.2024 и неплатени до 30.06.2024 година. Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи секој месец најдоцна до 10 ти во месецот согласно Законот за даночна постапка.

10.07.2024 - 17:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега