Ударна вест од Германија: Маж оставил торба со експлозив на берлинската железничка станица и побегнал

 


Германската полиција трага по маж кој оставил торба со експлозив на берлинската железничка станица Нојкелн и побегнал откако бил запрен од полицијата.

„Ги истражуваме сите можности“, изјави за Ројтерс неименуваниот полициски портпарол.

Тој посочи дека надлежните органи се уште не го идентификувале осомничениот. Полицијата на „Икс“ извести дека осомничениот побегнал и оставил торба во која бил пронајден експлозив.

Торбата била преместена на блискиот паркинг и била извршена контролирана детонација.

Весникот „Билд“ објави дека во чантата е пронајден експлозив во прав „Татрп“, кој екстремистите често го користат за напади на јавни места. Полицијата не потврди ниту демантираше дека се работи на ваков експлозив.

31.10.2024 - 10:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега