Ученик во Шпанија избоде соученик и тројца наставници
Тинејџер рани тројца наставници и еден ученик со нож во средно училиште во Херез де ла Фронтера, јужна Шпанија, соопшти полицијата.
Настанот се случил утринава во училиштето „Елена Гарсија Армада“, мотивот на истиот сѐ уште не е утврден.
Според неофицијални информации од локалните медиуми, напаѓачот првин му зарил во нож во окото на еден од наставниците. Ножот тој го извадил од ранец. Бил познат како еден од попроблематичните ученици.
Три жртви се здобиле со лесни рани, додека еден од наставниците ќе биде опериран.
Според шпанските медиуми мајката на еден ученик на станицата изјавила дека напаѓачот користел два големи ножеви од неговиот ранец во училницата и ги нападнал колегите ученици и наставниците околу 8:15 часот по локално време, велејќи им дека ќе ги убие.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа