Учениците во Херцег Нови четири недели не одат на училиште поради дојави за бомби

 


Поради секојдневните лажни дојави за поставени бомби, учениците од средното училиште „Иван Горан Ковачиќ“ во Херцег Нови четири недели не посетуваат настава.

Советот на родители на училиштето бара надлежните да најдат начин како да се осигураат безбедноста на учениците и наставниците во училишната зграда.
Советот апелираше до надлежните да направат нешто, да реагираат и да најдат решение кое ќе им овозможи на учениците и наставниците да се вратат на настава.

08.03.2024 - 13:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега