Ученици краделе компјутерски делови од училиште во Битола
Полицијата повика на разговор четворица малолетници, сите од селото Долно Оризари, битолско, во присуство на нивните родители.
Тие се сомничат дека извршиле тешка кражба на делови од компјутери од подрачното училиште „Даме Груев”, во с.Долно Оризари.
Малолетниците во целост го признале кривичното дело, предметите се пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во текот на денешниот ден, исто така, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола во населба „Баир” во Битола го пронашле патничкото моторно возило марка „југо” со битолски регистарски ознаки, кое од страна Ј.Ј.(82) од Битола било пријавено за украдено. Возилото е вратено на сопственикот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа