Уапсени се двајца напаѓачи за терористичкиот напад во Москва

 

Двајца од напаѓачите кои упаднаа во „Крокус сити хол“ се уапсени, соопшти Александар Хустеин, претставник на руската Дума.

Според него, при претрес на автомобил биле пронајдени пасоши на државјани од Таџикистан. Претходно, терористичката организација Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот.

Нападот се случил во 18 часот кога најмалку три лица во маскирни униформи упаднале во „Crocus City Hall“ каде меѓу другото во тој момент се одржувал концерт на популарната руска група „Пикник“.

Напаѓачите буквално отвориле оган врз присутните цивили од вратата, а потоа фрлиле бомба или запалив материјал кој предизвикал голем пожар. На местото на настанот излегле припадници на итната помош, како и голем број специјалци кои влетале во зградата.

Неколку часа подоцна беше објавено дека зградата е безбедна и дека пожарот е локализиран. Потоа започна евакуацијата на ранетите и загинатите, а ИСИС објави дека нејзините членови успеале да побегнат по нападот.

Пораки со сочувство и осуда за нападот пристигнаа од целиот свет, од САД до Белорусија.

23.03.2024 - 10:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега