Уапсен шефот на Коза Ностра, најбараниот криминалец во Италија

Италијанската полиција го уапси најбараниот мафијаш во земјата, Матео Месина Денаро, јавува италијанската агенција АНСА.

Денаро се смета за шеф на сицијаланската Коза ностра и беше во бегство до 1993 година. Матео, чиј прекар е Дијаболик, бил уапсен во приватна клиника во Палермо.

Полицијата долго време се обидуваше да го фати, а покрај тоа што беше најбараниот во Италија, тој беше и меѓу 10-те најбарани криминалци во светот.

Денаро беше осуден во отсуство на доживотен затвор за неговата улога во убиствата на судиите Џовани Фалконе и Паоло Борселино во 1992 година.

Тој, исто така, се соочува со доживотен затвор за неговата улога во бомбашките напади во Фиренца, Рим и Милано во кои загинаа 10 луѓе.

16.01.2023 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега