Уапсен разбојник во Гостивар: Ќе лежи три години затвор


Вчера во 14.00 часот на улица „Живко Брајковски" во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Ѓ.Ш.(29) од Прилеп, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од три години за сторено кривично дело „разбојништво".

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
28.09.2024 - 11:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега