Добри вести за граѓаните на Скопје: Ќе се доделувааат пари за менување на покриви

 


Објавен е јавниот повик за субвенции за граѓаните за замена на азбестни покриви, соопшти одделението за односи со јавност на Град Скопје.

Градот Скопје го објави јавниот повик за доделување на поединечна субвенција на граѓаните, жители на градот Скопје, за замена на азбестни покриви за 2024 година. 

„Повеќе информации за правото на учество, условите кои треба да се исполнат и висината на средствата кои градот ги субвенционира и доделува се достапни во објавената документација по јавниот повик за замена на азбестни покриви.

Апликациите за учество на јавниот повик може да се доставуваат до 31 октомври 2024 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот. Јавниот повик со условите за аплицирање, како и сите потребни документи кои треба да се достават се достапни на линкот - https://skopje.gov.mk/mk/apliciraj/javni-povici/“, стои во соопштението.

 

27.09.2024 - 14:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега