Тужбата на принцот Хари против „Сан“ оди на судење

 

 

Принцот Хари губи дел од тужбата, но ќе добие свој ден на суд против издавачот на „Сан“.

Тужбата, која го обвинува издавачот на таблоидот „Сан“ за незаконско собирање информации, може да оди на суд, но не и за наводите за хакирање телефони, одлучи во четвртокот судија на Високиот суд во Лондон.

Случајот исто така нема да се занимава со тврдењето дека челниците на весникот склучиле таен пакт со кралското семејство, пресуди судијата.

Хари (38), чија официјална титула е војводата од Сасекс, ги тужи „Њуз груп њузпејперс“ (НГН), издавачот на „Сан“, и сега веќе згаснатиот таблоид „Њуз оф д ворлд“, дека вработувал приватни истражители и користел измама за незаконски да собира информации за него пред две децении.

НГН е дел од глобалната издавачка империја на Руперт Мардок и побара од лондонскиот Висок суд да ги отфрли тужбите, кои Хари ги поднесе заедно со актерот Хју Грант тврдејќи дека судскиот рок е истечен.

Но, судијата Тимоти Фанкорт нареди случајот на Хари да оди на судење заклучувајќи дека „НГН делумно успел во својот приговор што се однесува до временските ограничувања за наводното хакирање, но не успеал во преостанатиот дел“.

„Почетокот на судењето по тужбите на војводата и многу други тужители е закажано за јануари 2024 година“, напиша Фанкорт во резимето на својата пресуда од 19 точки.

Судијата одлучи дека принцот „има реално аргументиран случај на судење поради тврдењата дека таблоидот незаконски набавил доверливи информации од трети страни“, делумно преку приватни истражители.

Тој напоменува дека неговата пресуда не заклучува дали тужбите се поведени навреме, „само… дека во оваа фаза не е доволно јасно дека се поведени предоцна“.

28.07.2023 - 22:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега