Туск: Падна владата во Србија, но не и Вучиќ

 


Полскиот премиер Доналд Туск ги негираше наводите дека во Србија избувнала вознемирувачка криза, која исто така е опасна за безбедноста на Полјаците во таа земја и посочи дека „не падна претседателот Александар Вучиќ кој владее со Србија“, туку  премиер со слично презиме, а со тоа и српската влада.

„Не ми се чини дека во овој момент во Белград може да избие таква политичка криза која на кој било начин би ги загрозила интересите или безбедноста на полските граѓани; ништо во овој момент не укажува на тоа. Немам ништо алармантно да им кажам на Полјаците во тој регион и мислам дека на кој било начин не треба да има причина за тревога“, изјави Туск вчера пред новинарите во Варшава.

Како одговор на обвинувањата на новинарот од полскиот јавен сервис ТВП до српските власти и Русија дека студентските протести се обоена револуција инспирирана од странство, како и неговиот лапсус дека паднала владата и Вучиќ  Туск се насмеа и рече дека понекогаш лапсусите имаат свое значење во политиката.

„Премиерот поднесе оставка, а не претседателот Вучиќ кој владее со Србија. Иако лапсусите имаат свое значење во политиката. Имињата се слични, премиер е Вучевиќ. Со двајцата се сретнав релативно неодамна и, ве молам, верувајте во моето знаење и врз основа на долгогодишните активности околу проширувањето на Европската унија, не ми се чини дека во овој момент може да избие ваква политичка криза во Белград“, рече Туск.

29.01.2025 - 11:36

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега