Туристички автобус се преврте кај Бургас, има повредени патници

Туристички автобус попладнево се преврте во правец на Бургас.

Бугарските медиуми пишуваат дека причината за несреќата најверојатно е заспивање на 45-годишниот возач.

Автобусот првин удрил во билборд, по што се преврел и паднал покрај патот, пишува БНР.бг.

Во него имало 17 патници кои се враќале од патување во Виена.

Според првичните податоци, повредени се осум лица. Сите се свесни. Двајца се во потешка состојба – со повреда на главата и градниот кош.

Во меѓувреме во регионалната болница во Бургас дошле роднини на настраданите, кои за несреќата дознале од своите роднини и чекаат да слушнат официјални информации од лекарите во Ургентниот центар.

Тие рекоа дека патувањето до Будимпешта и Виена го организирала компанија од Бургас, а групата заминала на 22 мај.

На возачот на автобусот му било извршено алкотестирање – примерокот бил негативен.

28.05.2023 - 21:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа