Турчинка физички нападнала полицаец на аеродромот во Скопје


Вчера на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници ја лишиле од слобода Е.Б.(36) од Република Турција затоа што околу 19.00 часот го нарушила јавниот ред и мир и физички нападнала полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

Лицето било спроведено во Полициското одделение Петровец за понатамошна постапка.

09.04.2024 - 16:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега