Турчин во „рено клио“ криел пет мигранти - апсење кај Градско
СВР Велес поднесе кривична пријава против T.Ј.(44) од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,криумчарење на мигранти’’. На 21.03.2025 на регионален пат Неготино - Градско, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „рено клио“ со босанска национална ознака, управувано од пријавениот, при што биле пронајдени пет лица мигранти од Египет, од кои двајца малолетници.
29.03.2025 - 12:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа