Јован не е само херој на Кочани, тој е херој на Македонија
Осумнаесет годишниот Јован Костадинов од Виница кој спаси 21 живот од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани стана национален херој покажувајќи ја својата пожртвуваност.
Тој вчера беше во посета на манастирот Св. Јован Бигорски, а од Православно секојдневие споделија и фотографија.
-Јован не е само херој на Кочани. Тој е херој на целата наша држава Македонија. Симбол на тоа што значи да се стави човечноста над стравот. Потсетник за сите нас колку многу може да направи едно дете со големо срце, велат во објавата на фејсбук.
31.03.2025 - 11:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа