Тропски рај: Ова е најромантичното место за одмор во светот
Островот Бали е прогласен за најромантичното место за одмор во светот, на „Светските награди на патувања 2024“ (World Travel Awards 2024), зацврстувајќи го така својот углед како најдобра дестинација за парови кои бараат незаборавно патување и искуства. Ова, инаку, е првпат дестинација на Индонезија или во Југоисточна Азија да го добие ова признание.
„Редовно рангиран меѓу најдобрите светски туристички дестинации, Бали нуди редок спој на богато културно наследство, неверојатна природна убавина, добри домаќини и широка палета искуства. Познат како ‘Островот на боговите’, неговата длабоко вкоренета духовност е во остар контраст со современата слика на постојана посетена туристичка точка. Оваа динамика е она што го прави Бали бескрајно фасцинантен и често погрешно разбран“, соопшти организаторот.
Романтичниот шарм на Бали му ја донесе титулата за најдобра дестинација за меден месец, пишува „Трипедвајзор“ (TripAdvisor).
„Ова признание нѐ мотивира да продолжиме да му ја покажуваме убавината на Индонезија на светот и да се погрижиме Бали, заедно со другите дестинации, да блесне уште повеќе“, велат од индонезиското Министерство за туризам.
Тропскиот рај на Индонезија, во трката за таа престижна титула, ги победи Малдивите, Сант Лусија на Карибите и Маурициус. Бали е познат е по своите недопрени плажи, природниот пејсаж и богатото културно наследство, коешто со години го прави омилен остров меѓу туристите и патниците, а и сѐ повеќе љубовни двојки се одлучуваат и за свадби или меден месец тука.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа