Трипуновски: МЗШВ ќе биде пример за највисоки стандарди за сајбер безбедност

 

„Остварив средба со претставници од Американската амбасада, од Агенцијата за меѓународен развој на САД – УСАИД и од програмата CIDR (Critical Infrastructure Digitalization and Resilience).
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе биде пример на институција која ќе воведе највисоки стандарди за сајбер безбедност“, информира министерот Цветан Трипуновски на социјалната мрежа ФБ. 
CIDR е регионална програма поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на УСАИД. Преку оваа програма се дава поддршка на критичната инфраструктура, јавен сектор и други значајни институции за воведување на најдобри практики, стандарди, и соодветно законодавство за сајбер безбедност, како и на градење на капацитети за зголемување на отпорноста од сајбер напади.
„Една од значајните активности на програмата CIDR е поддршката на министесрството за имплементација на системот за управување со информациска безбедност. Во рамки на поддршката предвидени се и обуки за сите вработени со цел да се зајакнат капацитетите и да се подигне свесноста за ризикот од сајбер напади“, додава Трипуновски.
09.08.2024 - 18:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега