Три жени тешко повредени во сообраќајна несреќа меѓу патнички возила во Струмичко

Вчера во 12.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во Струмица, на крстосница од ул. „Агро берза“ и локален пат за село Просениково, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тико“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.И.(42) од Штип, и патничко возило „дфск“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.С.(21) од село Просениково, струмичко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките во возилото „тико“ Б.И.(44), Р.И.(73) и М.И.(23), сите од Штип. 

Повредите биле констатирани од страна на лекар од Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

 
29.08.2024 - 11:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега