Студ нема да има но многу ќе врне: Какво време не чека оваа есен

Ако може да им се верува на долгорочните прогнози тогаш оваа есен воопшто нема да видиме некој студ. Според некои долгорочни предвидувања до крајот на септември и во текот на октомври максималните дневни температури ќе бидат над 15 степени а едноцифрени температури но далеку од нула степени ќе имаме само во раните утрински часови.
Додека на некои места низ Европа вее снег, во Македонија, цел септември се очекува да имаме дожд. Времето ќе биде променливо, ќе имаме и сончеви периоди но нема да има недела во која нема да врне што е и типично за овој период од годината. Температурите го крајот на септември ќе бидат стабилни на ниво нешто слично на ова што го имаме денеска и во изминатите денови. Ретко кога ќе паднат под 20 степени а во некои делови на земјава ќе надминат и 25.
Октомври ќе донесе слично време со тоа што во втората половина од месецот се очекува благо спуштање на температурите. Првиот дел од октомври ќе имаме помалку дожд и температури над 20 степени со минимални меѓу 8 и 10 степени.
Во втората половина од октомври се очекува повеќе дожд и температури кои ќе бидат малку под 20 степени со минимални кои ретко ќе се спуштаат под 5 степени.
Првите услови за мраз се очекуваат некаде во втората половина на ноември.
И овој месец се очекува да биде доста влажен но температурите нема да бидат ниски. Во текот на денот ќе имаме температури кои ќе бидат над 10 степени. Во првата половина минуси нема да има, но во вториот дел од ноември се очекуваат и минусни утрински температури.
Имајќи ги предвид високите температури снег во овој дел од есента не се очекува.

13.09.2024 - 14:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега