Тренерот на Ѓоковиќ позитивен на коронавирусот: „Штотуку ги добив резултатите. По 2 негативни теста, 3-от е позитивен“

 

„Продолжувам со започнатата самоизолација“ - напишал тој на социјалните мрежи.

Горан Иванишевиќ е позитивен на кoронавирусот, а тоа го потврдил самиот тој преку објава на Инстаграм:

„За жал, по два негативни теста во последните 10 дена, штотуку ги дознав резултатите. Денешниот, трет тест по ред е позитивен на Ковид-19.

Се чувствувам добро и немам никакви симптоми. Сакам да ги известам сите оние кои што беа во контакт со мене, дека сум позитивен на Ковид-19 и ќе ги замолам да ги преземат сите потребни чекори за да се заштитат себеси и своите најблиски.

 

Јас продолжувам со својата рано започната самоизолација. Им посакувам на сите заразени што поскоро да закрепнат“ - напишал тој.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.06.2020 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега