Трендафилов: Не може да дозволиме функционерите на 78% покачени плати, да добијат ново зголемување во септеври
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов во емисијата 24 Отворено истакна дека утре на барање на министерот за финансии беше побарано да се состанеме на ниво министри од влада и претседатели на сојузи и конфедерации на кои ќе се разговара за надминување на транзицискиот период.
- Ние на последната седница на ЕСС ние изнесовме е дека во името на солидарноста, функционерите треба да покажат добар чекор и да си ги вратат платите пред одлуката на Уставниот суд. не дека ние ги сакаме нивните плати да ги земем, туку сакаме и ние да ги земаме истите плати. Во се4птември доколку се договориме за пораст или усогласување на платите во јавниот сектор, да се однесува на вработениот на најсико работно место и на претседателот. Ние како синдикални претставници, не може да дозволиме функционерите на 78% зголемени плати да добијат одреден процент на зголемување во септември. - рече Трендафилов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа