Трамп: Ќе продолжам да водам кампања дури и да бидам осуден
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој планира да се врати во Белата куќа во 2024 година, дури и ако биде осуден од федерален суд, изјави дека евентуалната осуда нема да го спречи да ја продолжи кампањата. 77-годишниот републикански фаворит, опфатен со скандали, беше запрашан како ќе реагира на наводите еден ден откако беа објавени новите обвиненија во случајот со доверливи документи.
Запрашан од екстремно десничарскиот радио водител Џон Фредерикс дали ќе престане да води кампања доколку биде осуден, тој одговори: „Апсолутно не. Нема ништо во Уставот што може да ме спречи да водам кампања“.
„Никој никогаш не доживеал вакво нешто. Ова е лудо“, налутено рекол тој. Вчера, федералните обвинители го проширија обвинението против Трамп во случајот со ракување со доверливи документи – за кои тој веќе е обвинет – обвинувајќи го дека се обидел да ги избрише снимките од видео надзорот за кои биле заинтересирани истражителите.
Покрај тоа, тој беше обвинет и во врска со тајни плаќања на поранешна порно актерка, а му се заканува и обвинение како дел од истрагата за обид да го претвори неговиот пораз на изборите во 2020 година во победа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа