Трамп ја повлече федералната заштита за Фаучи: Има пари, нека си ангажира обезбедување

 

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ја повлекол федералната заштита за поранешниот врвен американски здравствен функционер Ентони Фаучи.

Заштитата финансирана од даночните обврзници за доктор Ентони Фаучи е повлечена, потврди Трамп на прес-конференција, објави „Њујорк пост“.

– Мислам дека кога работите за владата, во одреден момент вашата заштита завршува и знаете, не можете да ја имате засекогаш, рече Трамп како одговор на новинарско прашање на брифингот за одговорот на владата на ураганот во Ешвил, Северна Каролина, во октомври 2024 година, кога загинаа повеќе од 50 луѓе.

Според него, заштитата е укината и за некои други лица.

Како што објави „Њујорк пост“, тој очигледно мислел на поранешниот советник за национална безбедност Џон Болтон и поранешниот државен секретар Мајк Помпео.

– Тие можат да ангажираат сопствено обезбедување. Може да им дадат добар број многу добри луѓе за обезбедување. Фаучи заработи многу пари. Сите заработија, рече Трамп.

Претходно овој месец, Би-Би-Си јави дека Џозеф Бајден, тогашниот американски претседател во заминување, однапрд го помилувал Ентони Фаучи, поранешниот главен медицински советник за време на пандемијата на Ковид-19, како и членовите на комисијата што ги истражува немирите во Капитол на 6 јануари.

Трамп, кој положи заклетва во понеделникот, редовно се судираше со Фаучи за време на пандемијата и навести дека ќе преземе мерки против оние кои го сметаа за одговорен за немирите во Капитол на 6 јануари.

24.01.2025 - 21:52

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега