Трагедија во Индијана: Едногодишно момче загина во стан, во него пукале братот и сестрата, кои случајно пронашле оружје во куќата

 

 

Едногодишно момче во Индијана  било убиено од неговите 5-годишни брат и сестра во стан, соопшти полицијата во станбен комплекс во Лафајет.

Во вторникот околу 15 часот по локално време полицијата добила дојава за пукање. Полицајците го пронашле едногодишното дете мртво со прострелна рана.

„Детективите од полициската управа во Лафајет утврдија дека детето било застрелано од неговите 5-годишни брат и сестра, кои пронашле оружје во станот“, се вели во соопштението на полициската управа во Лафајет.

Во средата е извршена обдукција, а прелиминарната причина за смртта е единечна прострелна рана. Судскиот лекар ја идентификувал жртвата како 16-месечниот Исаја Џонсон.

30.03.2023 - 09:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега