Трагедија во Германија: Починато девојче пронајдено на брегот на Рајна, приведени родителите

 

Трагедија го потресе германскиот град Вормс откако на брегот на Рајна беше пронајдено тело на 15-годишно девојче.

Телото било пронајдено во понеделникот околу 18 часот, пренесува „Билд“.

Според медиумите, полицијата ги привела родителите.

„Сомнежот е насочен и кај таткото (39) и кај мајката (34)“, соопштија од полицијата.

Сите три лица се Авганистанци.

Засега не се познати повеќе детали за смртта на девојчето.

18.06.2024 - 16:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега